Потекнува од Кина, а на запад се проширува заедно со акупунктурата. Освен тоа постојат докази дека рефлексната масажа ја користеле и примитивните народи во Кенија, како и америчките индијанци. Во почетокот ја имаат користено само народните исцелители. Со почетокот на минатиот век често име за рефлексотерапија било ЗОНСКА ТЕРАПИЈА, а еден од првите кои го користел тоа име бил доктор Фитцгералд од Америка кој оваа терапија ја користел како еден облик анестезија кога извршувал мали оперативни захвати, како и при олеснување на болките при породување.
Д-р Џорџ Стар Ваит и Д-р Рили биле исто така едни од пионерите во проучување на рефлексотерапијата, а нивната ученичка Еунисе Д. Ингхрам почнала да ја шири оваа метода понатаму во САД, одржувајќи бројни симинари и работилници. Со тек на време, поради исклучително позитивните ефекти, методата добила и научни признанија. Со тоа нејзината примена почнала се повеќе да се изучува и во современата медицина, па е и прифатена во целост, како и акупунктура, иако нема доволно јасни објаснувања за принципите на нејзиното дејствување.
Во рефлексотерапијата се користат само рацете, односно притисокот на прстите на рефлексните подрачја, кои се наоѓаат на стапалата. Подрачјата и точките на стапалата кои одговараат на одредените органи во телото се чувствителни, а понекогаш и многу болни, зависно од нарушувањето и блокадите на енергијата во одредени органи. Со третманот рефлексотерапија тие нерамнотежи можат да се отстранат, а покрај тоа третманот е идеален за целокупната ревитализација на организмот. Третманот со рефлексотерапијата може да биде исклучителен начин за дијагностицирање на енергетската состојба на поедини органи и организми во целина. Кај рефлексотерапијата важно е да се познаваат 10 основни зони кои заедно го делат телото од секоја страна на медијалната линија. Покрај на стапалата, рефлексните точки се наоѓаат на дланките и на главата, па често се комбинира работа на стапалата и работа на дланките или работа на главата. Исто така можат да се одработуваат само дланките доколку стапалата имаат некој воспалителен процес или други заболувања. Една од предностите на рефлексотерапијата е што широко се применува – може да се изведува на мали бебиња, но исто така и кај возрасните личности во поодмината фаза. Важна предност на рефлексотерапијата е и нејзината можност за рана дијагностика, бидејќи рефлексотерапевтот може да увиди делови во кои застојот на енергијата или блокадата е многу претходно од што ќе се појават болестите.
За време на масажата во цел на откривање на болните точки треба да се обрне посебно внимание на појава на тапата или острата болка. Доколку болката е остра и продорна (при повредени стапало), тогаш болката е од локален карактер додека длабоката и тапата болка е одраз на болниот орган кои се наоѓа во зоната на стапалата.

Како се изведува третманот?
Пациентот може да седи или да лежи. Терапевтор после загревање на стапалото со разни ротации и блага масажа преоѓа на специфичните точки кои ги масира со перничињата на прстите и со кружни движења. Секоја болна точка треба да се масира околу пет минути. На почетокот болката е силна, а подоцна станува се помала и тапа до потполно исчезнување. Резултатот е придвижување на енергијата во органите каде енергијата не е со слободен потенцијал или слабеење н а дотокот на енергија во органите кои имале вишок на енергија. Благи притисоци на терапевтот имаат аналгетски ефект, односно смалување и исчезнување на болката. При изразено јак ефект на масажата се јавува возбуда на целиот организам што е добро кај состојбите на премор, малаксаност, општа ревитализација на организмот и за подобрување на помнењето и концентрацијата. Еден циклус на терапии опфаќа 10 – 20 третмани во траење од 30-45 минути секојдневно во тек на 10 или 20 дена.
Рефлексотерапијата е исклучителна метода на превенција и се препорачува еднаш дневно за одржување на здравиот организам. Останати добри работи се: стимулирање на метаболизмот, елиминирање на токсичните материи, стимулирање на различните жлезди со внатрешно лачење, смалување на глаболката, смалување на болките во грбот, смалување на менструалните болки…

масажа на стапала

Updated on 2013-02-17T14:22:26+00:00, by admin.