Антицелулитна масажа е посебен вид на масажа која се прави кај личности кои имаат целулит. Во зависност од видот на целулитот се работат разни видови на третмани. Масажата ја изведува масер физиотерапевт. Антицелулитните третмани се спроведуваат кај личности кои имаат целулит и во зависност од видот, се работат повеќе видови на третмани во комбинација со рачна и ултразвучна масажа.

Секоја метода за решавање на целулитот има за цел да ја намали количината на масните станици, да го подобри крвотокот, да ја врати еластичноста и тонусот на сврзното ткиво и го стимулира лачењето на отпадните материи од организмот. Нездрав и неправилен начин на живот (недоволно земање на течности, неправилно дишење, премореност), преобилна исхрана или исхрана што неодговара, недоволна физичка активност, стресови, загаден воздух и храна – сето тоа допринесува за настанување на целулитот. Тоа резултира со нарушување на пробавата, со запек и слаба циркулација. Целулитот се создава во сврзното ткиво, а се состои од маснотии, вода и отпадни токсични материи. Преку масното сврзно ткиво непрекинато кружат хранливи материи: вода, крв, лимфа, кои кон нив носат кислород и хранливи материи чистејќи ги од оштетените работи. Промените настануваат кога е успорен процесот на отстранување на отпадоците. Целулитот настанува тогаш кога организмот не е во состојба да се ослободи од отровните материи. Поради тоа сврзните ткива заситени со вода и отпадоци дебелеат, стануваат тврди и создаваат неподвижни џебови кои набабруваат додека не се претворат во ткиво слично на кората од портокалот.

Масажата ја зголемува добрата страна на вежбањето. Можеме да масираме одредени целулитно отоци на поедини подрачја на телото како би дејствувале на циркулацијата на крвта. Особено помага на оние делови на телото на кои тешко се влијае со вежби како што е внатрешната страна на колената или горниот надворешен дел на бедрата.

Со масажата точно може да му се пријде на загрозеното подрачје и да се прилагоди интензитетот на допирот со индивидуалниот пристап.

За да се постигнат најдобри резултати, антицелулитната масажа се препорачува три пати неделно во времетраење од три месеци, како би можеле да се постигнат видливи резултати, а после тоа се препорачува еднаш неделно поради одржување на постигнатата состојба.

антицелулитна масажа

Updated on 2012-06-06T11:27:08+00:00, by admin.