Се применува во спортската пракса за време на тренирање со задача да се јакне издржливоста и лекување кај спортски повреди, особено кога доаѓа до оток и лимфни едеми, после повреди.  За неа често се врзува поимот дека е силна и болна масажа, што по правило е точно, но треба да се знае дека не мора да биде болна ако се прилагоди на состојбата на пациентот. Со оваа техника се обработува целото тело, а крајна цел и и постигнување на длабока деконтрација, односно опуштање на мускулите. Се дејствува на големите мускулни групи со цел реактивација на крвотокот, постигнување на реорганизација на мускулниот тонус и нервно-мускулна дистензија. Ослободувајќи ги мускулите од напнатост ја подобруваме мобилноста на зглобовите, а со тоа овозможуваме нормална функција на одредени делови на телото.

Учинокот на спортската масажа е релаксирање, бидејќи освен мускулната деконтракција доаѓа и до стимулација на нервниот систем кое е проследено со чувство на топлина. Се применува со цел дас се подобри психо-физичката состојба кај спортистите што допринесува за подобрување на нивните спортски резултати.

спортска масажа

Updated on 2012-06-06T11:12:01+00:00, by admin.