Структура на ‘рбетот
Грбот е еден од најважните делови на телото. Негов главен дел е ‘РБЕТОТ, кој му дава 24-часовна поддршка на целото тело, дури и кога спиеме.

‘Рбетот е составен од 33 мали коски -пршлени, коишто се надоврзуваат една над друга. Пршлените се поделени во пет групи. На врвот на ‘рбетот се наоѓаатседум вратни пршлени, следени од дванаесет градни и пет лумбални пршлени. Под нив се наоѓаатпет други пршлени, споени заедно со крстните коски, и на крај ‘рбетот завршува со „опашката“.

Често ги слушате лекарите како зборуваат за пршлените во облик на кодови од броеви, како на пр. L4, C6 итн. Тоа е упростен начин за покажување на точниот пршлен во одредено подрачје. Секој пршлен и диск имаат свој сопствен број.

Помеѓу секој пршлен има „амортизери“, коишто се нарекуваат пршленести дискови. Ова му помага на ‘рбетот лесно да се витка во различни позиции. Тие имаат кружна, плочкеста форма, и се направени од внатрешна, желатинеста супстанца (јадро), проткаена од мрежа на отпорни, еластични влакна кои се нарекуваат анулус.

Доколку анулусот се скине, јадрото стрчи или целосно излегува. Штетата е често погрешно опишана како „изместен диск“, и би требало точно да се детерминира како „притиснат пршленест диск“.

Долниот дел од ‘рбетот (лумбалниот регион) е најчувствителен предел, и најчесто болката настанува точно тука. Тоа се случува затоа што долниот предел ја потпира целата тежина на телото, плус тежината на товарот што го носиме. Исто така, долниот дел на ‘рбетот мора да се витка повеќе отколку горниот, па оттука е и неминовно долниот дел од ‘рбетот да страда повеќе.

Медицински Масажи

Updated on 2013-02-18T23:33:14+00:00, by admin.