Има решение за Дискус-Хернија и без операција ?
Кога еднаш со сигурност ќе се дијагностицира деформирање на дискусот на пршленот, познат како хернија, секогаш следува цела низа прашања што да се прави понатаму? Да се отиде ли на операција или не? Да се чуваме од напор или не? Да се оди ли на терапија или на која? Иако техниката на оперативните интервенции значително е напредната, а новите методи на лекување го виделе светлото на денот, поради цела низа причини, одлуката за начинот на лекување кај дискус хернијата и денес се носи индивидуално, со почитување на сите фактори кои можат да влијаат на резултатот од лекувањето. Целиот пршлен е еден комплициран динамичен состав, творба која е градена за движење. Коските во облик на пршлен го сочинуваат тој состав. Во здравиот човек ги има 24. Измеѓу пршлените кои се наредени како вагон, во композиција, се наоѓаат рскавични перничиња исполнети со ткиво слично на гел или желатин. Тие перничиња ги нарекуваме дискуси и имаат само една функција – амортизација. Додека се движиме, одиме, трчаме, скокаме или само седиме, различни сили делуваат од сите правци на пршлените. Тие сили не смеат директно да се пренесуваат на самите пршлени, па така тие се ублажуваат на ниво на дискусот, исто како амортизери на автомобилот, ублажувајќи го ударот во ситуација кога автомобилот преминува преку некоја дупка. Но, тоа не е се. Самиот дискус служи и како потпора за движење на пршлените, (или барем кај поголемиот дел од нив 24).
Ако некогаш сте седеле на топка, , ке разберете како тоа се случува. Но, со топката брзо ќе паднете ако не сте доволно внимателни. За да не се случи тоа, сите пршлени меѓусебно се поврзани на неколку нивоа. Први се меѓусебните зглобови. Секој пршлен е поврзан со мали зглобови со својот колега над и под себе. Покрај тоа, тука се и лигаментите кои претставуваат цврста врска меѓу пршлените и кичмата во целина. На тој начин се додава потребната цврстина и се осигурува целиот состав од преголеми движења кои би можеле да ги повредат чувствителните структури како што се малите зглобови или дискусите. Последниот, но веројатно и најважниот состав за заштита на пршлените се мускулите. Тие не само што овозможуваат движење на пршлените, но и на целото тело, туку се и најмоќниот сигурносен фактор. Дотолку повеќе што само мускулите можеме да ги зајакнуваме, и само на тој начин да влијаеме на подобрување на состојбата на самата кичма, бидејќи силните мускули го намалуваат стресот на ниво на рскавицата и малите зглобови, но и лигаментите. Само така силните мускули ги чуваат дискусите. Но, тука е уште еден состав на амортизација, односно ублажување на стресот.
Сите веројатно паметат, уште од основното и средното училиште, дека кичмата е изградена во облик на двојно „S“. Кога го набљудуваме човекот од страна забележуваме рамна линија по средината на грбот која претставува силуета на самата кичма. За волја на вистината, од надворешната страна кичмата навистина е рамна. Но, погледот од страна открива дека кичмата е „искривена“ и тоа во вратниот дел према напреад, во средниот или градниот дел према назад, а во карлицата повторно према напред. Тие кривини ги амортизираат стресовите при движењето на телото. Значи дискусот е рскавична плочка исполнета со желатинозно ткиво и е сместена измеѓу два пршлена. Кога поради голем број причини, дискусот ќе се деформира и ќе ослабе рскавичната обвивка, тогаш меката содржина се испакнува исто како меур на балон. Проблемот не е во самиот меур или деформацијата, туку незгодите доаѓаат тогаш кога доаѓа до притисок на меките ткива, а посебно на нервите кои излегуваат од рбетниот мозок и патуваат преку нозете или рацете. Тоа значи дека најважниот проблем е болката, вкочанувањето или трнењето во рацете или нозете, што го предизвикува притисокот на хернијата врз нервот. Тогаш вообичаено и прв пат се бара помош. Гледајќи чисто механички, наједноставно би било на некој начин да се отстрани хернијата. Ако таа врши притисок и предизвикува болка, логично е да се помисли дека проблемот може да се реши најбрзо по пат на операција и на тој начин да се заврши прикаската. Понекогаш, но само понекогаш тоа е така едноставно. Во поголемиот број други случаи, работите се неспоредливо комплицирани. Треба да се потенцира дека денес повеќето хернии се последици на начинот на живот. Премалку или премногу физички активности, премногу седење или стоење, како и многу други фактори (дебелината на пример). Тоа значи дека ако ја отстраниме хернијата, а начинот на живот остане непроменет, голема е веројатноста дека проблемот повторно ќе се појави. Во прилог на ова оди и праксата. Кај еден дел од оперираните пациенти, повторно се појавува хернијата, но на соседниот дискус. Освен тоа, оперативната интервенција, сама по себе е ризична (иако денес ризикот е неспоредливо помал во одно на ризикот од пред 10 или 15 години), а и самиот оперативна интервенција може да предизвика несакани последици, на пример израстоци, кои пак, повторно можат да предизвикаат цела низа незгодни симптоми, па се неоходни повторни операции.
Покрај сето ова и самите дегенративни процеси, ако се напреднати, можат да го направат неизвесен резултатот од отстранувањето на хернијата. Целосното постоперативно опоравување ретко е пократко од 6 месеци. Се на се, има многу причини поради кои секогаш пред оперативната интервенција настојуваме да ги исцрпиме сите останати можности на лекување.
Со оглед на тоа дека и самата кичма е динамички сегмент, во некои случаи постои можност за делумно повлекување на хернијата. Со префрлување на оптоварувањето на соседните сегменти, можно е да се намали пристисокот на хернијата на излезот на нервите, без разлика дали тоа се прави по пат на физикална терапија или до тоа да доаѓа спонтано (повеќето луѓе кои имаат хернија, немаат болки постојано, туку само периодично.
Исто така важно е да се спомене дека многу луѓе имаат хернија, а не знаат бидејќи таа не им прави проблеми. Најновата метода на оперативното лекување е вградување на „вметнат дискус“, односно метален механички зглоб на местото на одстранетата рскавица. Иако првите резултати се охрабрувачки, ќе помине уште долго време пред тоа да стане рутинска и сигурна оперативна техника.
Кај неоперативното лекување, пред се настојуваме да ги намалиме болките и тоа со сите расположливи средства. Иако лекарствата некогаш се нопходни, добрите физиотерапевти секогаш даваат предност на методите што ги нуди физикалната терапија.
Во праксата, како најдобри се покажани мануелните техники на лекувањето како масажата, акопресурата и манипулацијата (киропрактика). После отстранувањето или намалувањето на болките следува најважниот дел од лекувањето кои често се занемарува, а тоа е подобрување на функцијата на самата кичма и тоа во вистинска смисла на јакнење на мускулатурата која ја опкружува, како и подобрување на флексибилноста, што единствено може да се постигне со редовно вежбање под стручно водство.
Треба да се потенцира дека исчезнувањето на болката не значи и исчезнување на хернијата, туку напротив. Таа е се уште притисната, само што во тој момент не создава проблеми. Понатаму треба да се види што може да се промени во начинот на живот како би се смалило оптоварувањето на повредениот дел, па на тој начин да ја намалиме можноста за повторно појавување на болките или другите пречки. Иако и денес на болнните од дискус хернија им се препорачува да се штедат од физички активности, искуството покажува дека тоа не е долгорочно решение. Бидејќи со штедењето се ослабува мускулната сила и издржливост, а со тоа и поголемата чувствителност на физички стрес на веќе оштетениот дискус. Исто така треба да се каже дека постојат дискус хернии кои треба итно да се оперираат и кај кои физиотерапевтите или било кое друго лекување нема да даде добри резултати, туку само ќе се потроши драгоценото време. По кој пат да се појде при лекувањето на хернијата треба да одредат лекарот и физиотерапевтот во договор со пациентот и со проценување на објективната состојба и можните опасности.
Пример:
Секоја дискова хернија предизвикува болка, а болката спазам на мускулатурата, а спазамот, пак, е одговорен за дезориентирање и сублуксација на пршлените по торакален и цервикален дел, па така во делот на протузијата или хемијата на ниво L4, L5 и S1 има зафаќање на периферен нерв и оток, т.е. застој на проток на енергијата и крвонаполнување. Заради тоа треба киропрактички да се наместат сублуксираните пршлени на ниво на врат и торакален дел, па да се постави на местото на болката (лумбален дел) ладна облога од 20 степени (преку крпа, не директно на кожа – вазоконстрикција). Додека, пак, на торакалниот дел каде што имаме сублуксација на пршлени и недоволно крвонаплнување се поставува термо маса од плус 45 степени, па така добиваме еден добар проток на енергијата по цел рбетен столб и самиот херниран диск е подложен на регенерација и дополнително хранење.