Кифоза, појаснување, симптоми и исправање со ЕКСТЕНЗИЈА и КИРОПРАКТИКА Кифозата е засилена физиолошка кривина на рбетниот столб во сагитална рамнина чиј конвекситет (испакнатост) е свртен према назад. Кифозата е подзгрбавеност и таа најчесто е локализирана во градниот (грбниот) дел од рбетот, но може да се појави на други делови.
Симптоми на кифотичното лошо држење на телото се:
– главата е свиткана према напред, пред вертикалната линија – рамената се поместени према напред – зголемена подзгрбавеност во пределот на грбот – градите се вовлечени – лопатките се истакнати и одвоени од рбетниот столб – стомакот е млитав и испапчен – колената се благо свиткани и во целина поместени према напред
Најчесто пациентите се јавуваат на лекар откако ќе ја забележат карактеристичната искривеност на грбот. Она што е важно да го знае вашиот лекар е вашата семејна историја на болеста, кога за првпат го забележавте искривувањето, дали имате болка во грбот или некој друг проблем. Од дијагностичките процедури, лекарот ќе побара рендген снимка, магнетна резонанца, компјутерска томографија , за да се видат специфичните кривини на ’рбетот, невролошки испитувања за да се види дали постои притисок на некој од ’рбетните нерви.
Многу често може да се појави во комбинација и со лордоза и сколиоза, зошто отстапувањата во еден правец задолжително иницираат отстапувања и во друг правец.
Manage Cookie Consent
We use cookies to optimize our website and our service.